На Русите не им се брза – Осум кола ќе ги доиграат од јуни до август

Русите имаат и план и алтернатива за продолжување и финиш на прекинатата фудбалска сезона 2019/20, а како датуми за камбек на прволигашите на теренот се споменуваат 21 и 28 јуни.

За да заврши сезоната има уште 8 кола, а во Русија е речиси јасно дека Зенит ќе биде шампион. Клубот од Санкт Петербург има 9 бода предност пред Локомотив Москва и Краснодар, па е најблиску до пехарот, што би требало да им се додели на 2 август за кога е предвидено спуштање на завесата во оваа сезона.

Русите имаат и алтернатива ако биде невозможно да се доигра сезоната, па предвидуваат да нема испаѓање, а таканаречената Премиер лига би се проширила за двата најдобропласирани клубови од Втората лига.

Во таков случај би се играла само една сезона со 18 клубови, а веќе од 2021/22 повторно елитата би броела 16 екипи.

За ваква варијанта веројатно најмногу навиваат Ротор Волгоград и Химки, двете најдобропласирани екипи во Втората лига, кои автоматски би станале прволигаши ако не се доигра оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести