На руската атлетичарка ѝ понудиле 200.000 долари месечно за да биде проститутка

Дарија Клишина е руска атлетичарка која се натпреваруваше и на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро пред четири години, а сега откри дека имала неморална понуда, да биде проститутка.

Една од најубавите атлетичарки откри дека преку социјалната мрежа „Инстаграм“ добила понуда да заработи 200.000 долари за еден месец да биде проститутка.

„Така беше, само што не го користеа тој збор, туку велеа дека се работи за „друштво“. Од таа понуда поминаа шест месеци, а искрено никогаш не сум помислила дека ќе добијам таква понуда. Мојот одговор на таа поуда беше едноставен: „Извини, но вашата понуда не е интересна за мене“. Потоа следуваше нов обид да ме премисли: „Па чекај, немој така брзо да одбиваш, не знаеш што нудиме“. Тогаш му пишав „збогум“. Се работеше за понуда од 200.000 долари месечно. Веднаш се замислив дали постојат девојки кои би биле имресионирани од таа понуда и дали би ја прифатиле.“, открива Клишина.

Дарија, која се натпреварува во скок во далечина, има 29 години, двапати била европска шампионска во својата дисциплина, а има и бронзен медал од континентален собир, како и сребро од Светското првенство во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести