На „Сан Сиро“ со нетрпение го чекаат првиот гол на Ибрахимовиќ и што смислил како прослава

Златан Ибрахимовиќ многу брзо се прилагоди во тимот на Милан и по само два одиграни меча веќе има еден гол кој донесе победа на гостувањето кај Калјари. Легендарниот шведски голгетер најави дека тој погодок не му е премногу битен за славење, но затоа со посебно нетрпение чека да даде гол на „Сан Сиро“ и да се израдува со фановите на Милан.

Популарниот Ибра кој и во минатото го има носено дресот на Милан, дојде во италијанскиот тим како слободен играч, откако му заврши договорот со Лос Анџелес галакси. Главната мисија на Златан е да успее да го врати Милан на победничките патеки и да го одведе во горниот дел од табелата.

Удинезе е тим кој моментно има еден бод помалку од Милан, а во првиот дел од сезоната се радуваше на победа од 1:0 против росонерите. Навивачите на Милан сезонава немаа многу причини за радост, бидејќи на девет средби на „Сан Сиро“ домаќините имаат само две победи. Само три екипи во цела лига имаат послаб биланс од Росонерите на свој терен.

Според последните најави од Италија, македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ќе започне од клупата за резерви кај Удинезе, а шанса да почнат во нападот кај гостите ќе добијат Окака и Ласања.

 

- Оглас -

Најнови вести