Шалке 04 доживеа нов убедлив пораз во Бундеслигата, вечерва со 0:3 на домашен терен од Хофенхајм во премиерниот меч од десеттото коло во германското првенство.
Кризата е длабока кај 7-кратнито германски првак, а вечерва и Хофенхајм и ВАР системот удрија по тимот од Гелзенкирхен.
За Хофенхајм беа досудени два пенали и двата по прегледување на два спорни моменти, а одлуката на главниот судија Бадштубнер беше кобна за Шалке 04 и гостите изведуваа удари од белата точка во 11. и во 59. минута, а Данецот Сков беше немилосрден и прецизен.
Еден погодок постигна и Дабур за нови проблеми за Шалке 04, клуб кој е еден од најголемите фудбалски симболи на Германија.
https://twitter.com/Sp0rtsmedia/status/1581011837054701569?s=20&t=COU44znTGzenNjptayvt1g
Тренерот Франк Крамер е пред отказ, откако со Шалке 04 освои само шест бода на 10 натпревари во Бундеслигата.
Хофенхајм со шесттата победа во германското првенство се проби на третата позиција на табелата со 17 бода, зад лидерот Унион Берлин со 20 и Фрајбург со 18, но и со меч повеќе.