Во пресрет на почетокот на последниот ден од групата во Дебрецин од Европското првенство во ракомет за мажи, во вториот по големина унгарски град врне дожд. Некому ќе донесе бериќет, се надеваме дека и за македонската репрезентација.
На дождливото време добро доаѓа чадор како оној од СЛ маркетот, но и качпе брендирано со Sport Life, па две девојки од Битола, Георгина и Кети, со задоволство позираа со билтенот на Sport Life и чадорот пред да влезат во „Феникс хол“ арената.