Во 30-тото коло на кошаркарската Евролига ќе се одиграат осум меча, додека два се одложени. Градското дерби меѓу Макаби Тел Авив и Хапоел Тел Авив и мечот меѓу Партизан и Дубаи нема да се играат во предвидените термини поради воените напади кои се случуваат во Иран и цел тој регион.
Впечатливо е дека на осумте средби кои се денеска и утре, коефициентите на ниту еден меч не даваат предност на гостинска екипа. Ако е според тој план, многу лесно може да се случи домашните екипи да забележат осум победи, но секако дека и гостите не патуваат само колку да се појават на теренот и затоа може да се очекуваат неколку интересни средби.

Во понудата има и над 50-мина кошаркари кои се очекува вечерва да се појават на четирите предвидени средби, што значи дека има многу опции за да се стигне до добивка на играта за „плус-минус“ поени.


