Во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА, ноќеска ќе се играат седум натпревари. Тоа што е посебно впечатливо е дека според квотите кои се понудени, на сите седум дуели има изразити фаворити.
За победи на фаворитите квотите се движат меѓу 1.12 и 1.46. Најголеми „сигурици“ треба да бидат победите на Оклахома и Њујорк на домашен терен во дуелите против Њу Орлеанс и Сакраменто. „Кецови“, односно со победа на домашните екипи треба да завршат средбите на кои пред своите навивачи ќе играат Филаделфија и Феникс.
Гостински триумфи може да очекуваат Лос Анџелес клиперс, Деторит пистонс и Портланд.

Над 70-мина кошаркари се дел од понудата на „плус-минус“ поени. Зак Лавин е на границата од 16,5 поени, исто како и Домантос Сабонис. Расел Вестбрук треба да даде над 15,5 поени за да биде во плус, а Пол Џорџ е на 14,5 поени. Границата за Џемал Мари е поставена на 26,5 поени, а на Кавај Ленард на 25,5 поени.


