29.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

На следното СП со нерешен резултат во групната фаза ќе може да се освојат два бода?

Светската фудбалска федерација, ФИФА, има сензационална идеја на следното Светско првенство во 2026 година ако некој меч во групната фаза заврши нерешено, тимовите да шутираат пенали, па подобриот да освои дополнителен бод.

Наредниот Мундијал ќе биде најмасовен, ќе играат дури 48 репрезентации (16 групи по три тима, а првите ќе одат понатаму), нокаут-фазата ќе почне со 16-финале, а ако се воведат и пенали по реми, тоа првенство ќе остане запаметено како историско.

- Оглас -

Најнови вести