На смртна постела, но не заборави да ја израдува ќерката за роденденот (Видео)

Некогашниот десен бек Фернардо Риксен боледува од тешката болест АЛС и веќе шест години е „врзан“ за болничкиот кревет. Кога му ја открија болеста, докторите му прогнозираа дека има само уште 18 месеци за живот, но тој шест години се бори со суровата болест.

Сепак, ситуацијата на Риксен станува сè посериозна и полоша, па очигледно е дека нема уште многу време за живот. Неодамна, тој преку социјалните мрежи ги покани своите пријатели да дојдат на проштална вечера која ќе ја организира на 28 јуни.

„Поздрав на сите, имам посебна вечер на 28 јуни. Бидејќи ми станува сè полошо, тоа ќе биде моја последна вечер. Дојдете и претворете ја во вечер за памтење. Се надевам дека ќе се видиме наскоро“, порача некогашниот фудбалер, кој се наоѓа во болница во Шкотска. Риксен има 12 настапи и за репрезентацијата на Холандија, во периодот од 2000 до 2003 година.

Во целата болка која ја трпи, поранешниот играч на Зенит и Ренџерс не го заборави роденденот на својата 7-годишна ќерка. По тој повод, во неговата болничка соба сè беше накитено со роденденски реквизити, а не изостанаа и подароците.

Сопругата на Фернардо, Вероника, ја сними целата атмосфера и ја објави на социјалите мрежи. Таа неодамна зборуваше за болеста на нејзиниот сопруг, како и тоа како целата ситуација ја доживува нивната ќеркичка.

„Не можам на Изабела да ѝ кажам што се случува бидејќи се плашам за тоа како ќе реагира. Таа знае дека татко и не може да зборува и да оди, но мислам дека не сфаќа дека тој умира“, рече Вероника.

https://www.instagram.com/p/By28OALI5wV/?utm_source=ig_web_copy_link

 

- Оглас -

Најнови вести