На Спалети му пукна филм: Доста веќе со тој Конте!

На Лучијано Спалети му пречи што неговото заминување од Интер се смета за готова работа и што за нов тренер на клубот веќе е виден Антонио Конте, со кого наводно има договор. Синоќа, по победата над Киево, Спалети ги критикуваше новинарите кои ги пишуваат овие гласини.

„Точно е дека Бепе Марота го бара најдоброто за Интер, треба да се има почит. Но, три месеци се повторува истата работа, весникот „Ла газета дело спорт“ истото го пишува три месеци, и тоа секојдневно. Секоја недела ме прашувате за тоа, а не сакам да бидам непристоен и да не одговарам. За другите клубови нема лоши зборови, само за Интер. Ако некој постојано вели дека утре ќе врне дожд, на крај веројатно и навистина ќе се случи тоа. Не сум нервозен, само си се бранам самиот себеси и го бранам Интер“, рече Спалети.

- Оглас -

Најнови вести