5.8 C
Skopje
вторник, 9 декември 2025

На средбите со германски екипи не може да нема барем 3+ голови

6002 Баерн – Спортинг (18.45 часот)

Баварците се огромни фаворити на хартија во овој дуел и чудо би било ако не го победат португалскиот шампион, иако Спортинг игра добро во ЛШ сезонава. По пет кола, Баерн има 12 бода, а на петте меча даде 15 гола. Лавовите од Лисабон се на 10 бода и моментно се осми, што е одличен пласман. Спортинг има само еден пораз, и тоа на гости од Наполи, меч на кој прими два од петте гола кои ги прими во овие пет рунди.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.19)

 

6005 Аталанта – Челзи (21.00 часот)

Во првите пет кола Челзи постигна двојно повеќе голови од Аталанта, но двата тима имаат еднаков број бодови, по 10. Двата тима сезонава ја почнаа со пораз, а потоа имаа по три победи и едно реми во наредните четири дуели. Божицата од Бергамо викендов потфрли во Серија А, беше поразена од Верона, за која тоа беше прва победа. Сините во Премиер лигата имаат серија од три меча по ред без победа, но на последниот меч во ЛШ блеснаа со убедлив триумф над Барселона.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.30)

 

6003 Барселона – Ајнтрахт (21.00 часот)

Барса беше разбиена од Челзи на претходниот меч во ЛШ и не смее да киксира против Ајнтрахт ако сака да продолжи битка за топ 8 и избегнување бараж за осминафинале. Каталонците се тим кој игра многу ефикасно, но и прима доста голови. Ајнтрахт во ЛШ моментно е 28 на табелата и тешко дека може да го повтори подвигот од нивното последно гостување на „Камп ноу“ кога ја елиминираа Барса од Лигата на Европа. Ајнтрахт прими 14 гола на пет меча, а вечер игра против еден од најсилните напади на светот. Викендов Ајнтрахт прими 6 гола од Лајпциг.

Предлог тип: 2+I & 2+II (2.07)

 

6004 Интер – Ливерпул (21.00 часот)

Интер во првите четири кола победуваше, а потоа дојде пораз од Атлетико со примен гол во финишот и сега за Нераѕурите доаѓа нов сериозен тест против тим кој е во криза, но има голем квалитет. Проблем во редовите на Црвените е спорот на Салах со тренерот Слот. Египќанецот нема да игра вечерва. Ливерпул по пет кола има три победи и два пораза, па ако загуби и вечерва, ќе си ги намали шансите за пласман во топ 8, а минатата сезона беше прв. Интер и Ливерпул уште немаат играно нерешено сезонава, а и во нивните досегашни меѓусебни дуели никој не бил без победник.

Предлог тип: X било кога (1.88)

 

6006 ПСВ – Атлетико (21.00 часот)

Холандскиот тим имаше супер изданија како во минатото коло, кога го победи Ливерпул со 4-1 или кога со 6-2 го растури Наполи, но знаеја и да загубат дома од Ројал унион Ден Жилоа, во септември, што им е последен пораз. Атлетико е на девет бода, има три победи и два пораза. Сите пет меча на Јорганџиите во ЛШ беа со 3+, а четири беа и со 4+ голови. На мечевите на ПСВ секогаш паѓаа барем два гола. Атлетико во неделата беше поразен од Билбао и сега треба да се вади.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.06)

- Оглас -

Најнови вести