26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

На стадион во Катар почина новинарот кој беше уапсен пред почетокот на Мундијалот поради „виножитото“

Американскиот новинар Грент Вал почина во Катар на 47-годишна возраст и тоа на стадион за време на мечот Холандија – Аргентина. Вал беше еден од најпознатите американски новинар, а колабирал додека го следел дуелот од четвртфиналето.

Новинарот веднаш бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да го спасат неговиот живот. Вал во Катар беше за да ги следи настапите на селекцијата на САД на Мундијалот, но остана на планетарниот собир и по испаѓањето на Американците.

Тој беше еден од оние луѓе кои на почетокот на Светското првенство беа приведени откако сакаа да влезат на стадион со маици и обележја во боите на виножитото како поддршка за ЛГБТ заедницата, која е забранета во Катар.

- Оглас -

Најнови вести