13.8 C
Skopje
сабота, 28 февруари 2026

На Струга и Вардар не им одговараше реми, ама одиграа нерешено

Нерешениот резултат на дербито Струга Трим Лум – Вардар од 1-1, најмногу ѝ одговара на Шкендија која сега има шанса да му се доближи на лидерот, а дополнително да ѝ побегне на третопласираната Струга.

Струга остана без победа во пролетниот дел, а Вардар и натаму е без пораз сезонава.

Скопските Црвено-црни поведоа со гол на Матиќ во првото полувреме во кое беа многу подобри, а домашните заиграа подобро во вториот дел кога израмнија со погодокот на резервистот Малески, негов деветти гол сезонава (од македонските фудбалери поефикасен од него е само вардарецот Омерагиќ со 10 голови).

Голот на Малески првично беше поништен, а потоа по прегледување на снимка во ВАР собата, сепак беше признат и се утврди дека немало офсајд позиција.

- Оглас -

Најнови вести