На теренот излезе со црн џемпер и капа на главата во чест на големата легенда

Голманот на рускиот Оренбург, Андреј Климович, беше во центарот на вниманието во изминатово коло. Белорускиот чувар на мрежата на теренот се појави во црн џемпер и капче на главата. Првично сите беа збунети, но потоа стана јасно дека се работи за одличен потег.

Климович тоа го направи во чест на легендарниот голман Лав Јашин, кој е роден на 22 октомври 1929 година, што значи дека утре ќе биде 90 години од неговото раѓање. Тоа е единствениот голман кој го има добиено признанието Златна топка во 1963 година.

Јашин во текот на целата кариера бранеше за Динамо Москва, а неверојатно делува бројката од над 150 одбранети пенали. Поради тоа што секогаш на теренот носеше црн џемпер, го доби прекарот Црниот Пантер. Почина во март 1990 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести