Изминатиов викенд фудбалот во Европа претрпи доста изненадувања и неочекувани резултати на гигантите како Реал Мадрид, ПСЖ, Јувентус, поради кои имаше мал милион згужвани ливчиња.
Сепак, не се „изгореа“ сите, има мајстор кој предвиде пад на еден гигант, поточно погоди дека Арсенал ќе загуби на домашен терен од Вулверхемптон.
Обложувачот од Гостивар ги врза победите на Наполи против Рома како и изненадувањето на „Емирати“. Наполитанците слевеа убедливо со 4-0, типот 1-1 & 3+ носеше квота 4,55, додека пак погоди одличен коефициент 14 по победата на Волците комбинирана со 3+ погодоци.
Тимот на Еспирито Санто од првото полувреме го задржа водството од 2-1, па на овој обложувач му донесе среќа во вредност од околу 200 евра.