На топчиите од Арсенал им здосади седењето дома и тренинзи во услови на карантин, па клубот одлучи да им го стави на располгање Колни центарот за да можат играчите да работат индивидуално.
Според планот на Арсенал од понеделник сите фудбалери ќе можат да тренираат индивидуално на нивниот комплекс терени во Лондон, но сето тоа ќе биде пропратено со строги мерки на претпазливост.
Предвидено е фудбалерите сами да доаѓаат на тренинг, а пристапот до тренинг центарот ќе биде затворен за сите освен за фудбалерите.
„Терените ќе им бидат достапни на сите фудбалери, а условите се знаат. Мора да се одржува социјална дистанца, а сите административни објекти ќе останат затворени. Значи најмногу до пет играчи ќе можат да тренираат истовремено на еден терен и веднаш по завршување на тренингот мора да си заминат дома. Ова е само почеток за тоа што следи и што го очекуваме со нетрпение. Се надеваме дека наскоро ќе можеме да тренирам со полна пареа за да се подготвиме за продолжение на сезоната“, велат топчиите од Лондон.