На Тотенхем му е жал што е елиминиран без завршна битка, но нема да се жали до УЕФА

Тотенхем денеска беше елиминиран од Конференциската лига со одлука на УЕФА, и тоа без да се одигра завршниот чин во Г групата против француски Рен.

УЕФА одлучи да му додели службена победа на Рен од 3:0, што го елиминира Тотенхем од Конференциската лига, а го исфрли францускиот тим на првото место во Г групата со директен пласман во осминафиналето.

„Разочарани сме од одлуката на УЕФА да не елиминира од Конференциската лига. Очекувавме дека ќе имаат разбирање за нашата ситуација со ковид-19 и дека ќе се најде нов термин за мечот со Рен. Не сме задоволни, но ќе ја почитуваме одлуката“, велат од Тотенхем во соопштението по одлуката да бидат елиминирани без завршната битка со Рен.

Ќар испадна и Витесе, кој е втор на конечната табела во Г групата и ќе игра со Рапид Виена во 1/16-финалето на Конференциската лига, која сезонава го има премиерното издание.

 

 

- Оглас -

Најнови вести