Новата 2026 година одлично започна за многумина обложувачи во Sport Life, а некои од добитните тикети посебно вредат да се истакнат. Дека има многу обложувачки мајстори, се потврди и со три тикети кои беа уплатени во неделата, на 11 јануари, а на крајот се добитни и беа заработени многу пари.
Во Ново Лисиче одигран е тикет само со три меча, а направен е добитен вкупен коефициент дури од 2.047. На дербито од италијанската Серија А погоден е коефициент од 22,5, а условот беше двата тима да постигнат барем по еден гол во двете полувремиња. Така и се случи. На полувремето беше 1:1, а на крајот натпреварот заврши 2:2.
Дерби се играше и во Купот на Франција, каде што уште во првото полувреме Олимпик Лион поведе со 2:1 над Лил, а резултатот остана ист и на крајот, па погодена беше комбинацијата гостите да слават, а двата тима да постигнат барем по еден гол во првото полувреме, што се вреднуваше со 14 коефициент.
Најспектакуларниот дуел се играше во Џеда, каде што Барселона со 3:2 го победи Реал Мадрид, а на полувреме беше 2:2. Тука е погодено дека Барселона ќе се радува на крајот, а дека во првиот дел двата тима ќе дадат гол.
Интересно е дека Барселона водеше со 1:0, а Реал израмни на 1:1 во 45+1 минута и тоа беше момент кој значеше останување во „живот“ на тикетот, а на крајот е и добитен, па со вложени само 50 денари, добивката е 87.026 денари.

Храбар тикет беше уплатен и во Велес. Тука влогот е 500 денари, но добивката е одлична и изнесува 190.075 денари. Погодени се пет натпревари од неделата, а секако дека и тука среќата беше сојузник.
Милан со гол во 90-тата минута израмни на 1:1 на гости кај Фиорентина, a Б тимот на Порто со 2:1 со пресврт славеше над Б тимот на Спортинг.
Погодени се и победите на Лион и Барселона, а одлично е што имаше и погодоци, а ГГ4+ погоден е и дуелот на кој Реус убедливо со 4:1 славеше над Барселона Б во третата шпанска лига.

Третиот тикет, кој посебно вреди да се истакне, беше уплатен во Струга, а со 250 денари освоени се 79.257 денари. Тука се одиграни четири меча и на сите е погодена истата комбинација, а тоа е во првото полувреме двата тима да дадат гол.
Дуелот во Грција меѓу Арик и АЕК заврши 1:1, а интересно е дека двата погодоци беа постигнати уште во почетните 11 минути од средбата. Најнеизвесно беше на Ел класико, каде што Реал со гол во 45+1 направи тикетот да е добитен.


