Во втортата германска лига, популарната Цвајте, денеска беше забележан еден неверојатен податок. На трите меча кои се одиграа, беа постигнати неверојатни 23 гола, што е просек од 7,6 погодоци на средба.
Хајденхајм со 5:4 го победи Регенсбург, во меч на кој домаќините водеа со 3:2 на полувреме. Хајденхајм водеше со 4:3, кога гостите израмнија во 90+2 минута, но тоа не беше крајот. Во 90+4 минута следуваше нов гол за домаќините и голема радост за победа од 5:4.
Карлсруе и Сент Паули освоија по еден бод, иако постигнаа по четири гола во меѓусебниот меч. Домаќините поведоа со 2:0, потоа имаа предност и од 3:1, но Сент Паули до крајот на првиот дел израмни на 3:3.
Во второто полувреме повторно Карлсуре погоди за предност од 4:3, но гостите израмнија на 4:4 во 61 минута. Во последните 30 минути мрежите мируваа и останаа тие осум погодоци.
Најсиромашен со голови беше дуелот Хамбургер – Сандхаусен кој заврши со триумф на домашините од 4:2. На полувреме беше само 1:0 за домаќините, а потоа во вторите 45 минути беа постигнати уште пет погодоци.
Вечерва се игра уште еден меч од Бундеслига 2, а за утре се закажани уште три средби.

