Официјално е објавено дека на трибините на „Тодор Проески“ има 28.000 гледачи, што е мошне добра посета со оглед на тоа дека три трибини се полни, а празен е само Исток, каде има мала група италијански навивачи.
Северната, јужната и западната трибина изгледаат убаво, речиси и да нема слободно место, и ова е една од подобрите посети на некој репрезентативен меч во последно време.
Навивачите го положија испитот.