На трибините ќе нема ниту еден навивач, но ќе има одлична атмосфера, како?

Клубовите во Премиер лигата полека започнуваат со подготовки за продолжување на сезоната и тоа без присуство на гледачи. Реална опција е дека на можеби ниту еден стадион во Европа, до крајот на сезонава нема да биде дозволено присуство на гледачи, за да се спречи понатамошно ширење на Коронавирусот.

Во една таква ситуација кога на стадионите атмосферата ќе биде како да има некој тренинг меч, челниците на Брајтон размислуваат за интересен потег. Раководството на тимот сака да пушта снимена атмосфера и навивање од навивачите од времето кога трибините биле полни. На тој начин колку толку ќе се наруши тишината која ќе биде најприсутна за време на мечевите играни без публика.

Во Германија, Борусија Менхенхладбах, се одлучи да прави макети со ликовите на навивачите и на тој начин да се пополнуваат празните трибини, а воедно и клубот да може да заработи симболична сума на пари затоа што така продава виртуелни билети за фановите кој сакаат да го стават својот лик на столчињата. Ваква акција веќе направи тим во Белорусија, единствената земја каде не е прекинат фудбалскиот шампионат, а е дозволено и присуство на гледачи.

- Оглас -

Најнови вести