Белорусите на трибините донесоа навивачи од цел свет, како тоа им успеа? (Фото)

Белорусија е единствената европска земја во која уште се игра фудбал, а тоа што е уште поинтересно, на трибините е дозволено и присуство на гледачи. Сепак, стадионите во Белорусија не се исполнети, па челниците на Динамо Брест се сетија на едена интересна идеја.

На дуелот меѓу Динамо и Шахтер Солигорск кој заврши со победа на домаќините од 2:0, можност да бидат на стадион имаа навивачи од целито свет. Како е можно тоа, ако се знае дека голем дел од границите на земјите се затворени?

Во Динамо се решија да продаваат виртуелни влезници и секој оној што ќе купи карта за мечот, добива своја фотографија монтирана на столчето на трибината со дрес од некој тим. На тој начин делува како стадионот да е исполнет, па имаше „навивачи“ од Русија, Велика Британија, Обединети Арапски Емирати, Русија…

Парите добиени од виртуелните влезници ќе бидат дадени како помош во борба против Коронавирусот, кој засега не ги плаши многу луѓето во Белорусија.

- Оглас -

Најнови вести