На вакви „пластични“ фанови треба да им се забрани влез на стадион (Видео)

Саутхемптон како гостин го доби јужњачкото дерби против Портсмут со 4-0 во Карабао купот и фановите на овој тим со право се радуваа на триумфот бидејќи првпат по 35 години успеаја да победат на „Фратон парк“.

Но, меѓу гостинските фанови имаше и еден таканаречен пластичен навивач кому најважно му е да се слика и снима, а не што се случува на теренот.

Кога Саутхемптон го постигна вториот гол, навивачите на Светците беа во екстаза, но меѓу нив отскокнуваше еден. Тој воопшто не скокаше од радост, туку го зеде телефонот во рака и дури откако почна да снима, неколку секунди подоцна глумеше радост.

Вакви ликови има секаде во светот, а оние најредовните кои постојано одат на натпревари сметаат дека на ваквите „пластични“ навивачи треба да им се забрани влез во спортските објекти.

Погледнете го видеото кое стана хит на „Твитер“ и предизвика лавина коментари:

https://twitter.com/i/status/1176580459893051394

- Оглас -

Најнови вести