На Вавринка му пречеше дождот, па загуби од 239-тиот на АТП листата

Младиот француски тенисер, Уго Гастон, кој е 239-ти на АТП листата, приреди сензација во третото коло на „Ролан Гарос“, победувајќи го некогашниот победник на овој гренд-слем турнир, Станислас Вавринка.

Гастон и Вавринка играа пет сета, а откако фаворитот го доби четвртиот и изедначи на 2-2, во решавачкиот сет 20-годишниот Гастон кој на турнирот дојде со специјална покана, беше доминатен и го доби со чисти 6-0. Следен противник на Гастон е Доминик Тим.

Нервозниот Вавринка во третиот сет имаше и една кавга со судијката Маријана Вељовиќ, која ја убедуваше дека теренот е лизгав и дека поради дожд, средбата треба да биде прекината. Мечот беше прекинат, но и тоа не му помогна премногу на Стен. Швајцарецот е еден од ретките тенисери кои го победил Рафаел Надал во Париз. Надал денеска лесно победи со 3-0 во сетови и само пет загубени гејмови.

- Оглас -

Најнови вести