5643 Алжир – ДР Конго (17.00 часот)
Во ова осминафинале на Африканскиот куп на нации, фаворит е Алжир кој во групната фаза беше перфектен со три победи на три меча и гол-разлика 7-1. ДР Конго освои 7 бода, а тоа што одиграа нерешено со силниот Сенегал, покажува дека Конгоанците не се слаб тим и тие се тим кој не смее да се отпише. Марез и другарите сепак се фаворити на хартија и тешко дека може да загубат од ДР Конго во 90 минути игра, колку и ривалот да е незгоден.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.87)
3002 Лече – Рома (18.00 часот)
Лече е најнеефикасен тим во Серија А, со само 12 постигнати голови на 17 меча, а Рома ја има најцврстата одбрана со 12 примени голови на 18 средби. Рома е и еден од двата тима кои сезонава уште немаат нерешен резултат. Волчицата губеше на последните три гостувања затоа и го губи чекорот со водечките и сега е петта на табелата. Лече традиционално се бори за опстанок, секој освоен бод им значи, а уште од април 2012 не ја победиле Рома. Сите показатели велат дека домашните нема да победат, и тешко дека може да има голеада со 4+ голови.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.35)
5604 Брег на сл.коска – Буркина Фасо (20.00 часот)
Слоновите како што е прекарот на националниот тим на Брегот на слоновата коска, во групната фаза беа први и тоа во друштво на Камерун. Имаат далеку поголем индивидуален квалитет од Буркина Фасо која беше втора зад Алжир и доби два меча. Иако не секогаш победуваат фаворитите, големо изненадување би било ако Брегот на Слонова коска остане без четвртфинале. Буркина Фасо победи на два од последните три дуели со Слоновите, но едниот беше пријателски, на другиот тимовите беа некомплетни.
Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.30)
3003 Сасуоло – Јувентус (20.45 часот)
Сасуоло има серија од четири кола по ред без победа, а Јувентус има четири кола по ред без пораз. Јуве има постигнато само еден гол повеќе од Сасуоло, но добро им се распоредени, па Старата дама има 10 бодови повеќе. Целта на Јуве е да победи со што сигурно би останал четврти на табелата. Кај Јуве фалат неколку добри играчи како Влаховиќ, Милик, Консеисао, Ругани и Гати, и без нив ќе треба да ја прекинат црната серија од два порази по ред на гостувањата во Реџо Емилија. Сепак тоа беа мечеви во 2023 година, екипите сега имаат поинакви состави.
Предлог тип: 2 & 1+ пол. (2.30)
1009 Вест Хем – Нотингам ф. (21.00 часот)
Чеканите и Шумарите се веројатно најнепријатните изненадувања во Премиер лигата сезонава, се борат за опстанок, се наоѓаат н 18-то односно 17-то место и таму би останале дури и ако има победник на мечот. Форест има четири порази по ред, а Вест Хем освои само еден бод во последните пет кола и ја има најлошата одбрана во лигата, во просек примаат нешто над два гола по меч. Последната победа на Вест Хем беше на 8-ми ноември, пред речиси два месеци. Во минатата сезона Нотингем двапати го победи Вест Хем, но во август, во третото коло од оваа сезона, Вест Хем како гостин славеше со 3-0 и тоа со голови после 84-та минута.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.30)

