На Винисиус крив му беше судијата, а Гави го „поздрави“ со четворка (Видео)

Бразилската ѕвезда Винисиус јуниор ја почувствува суровоста на Ел Класико, откако неговиот Реал Мадрид со 4:0 загуби на „Сантијаго Бернабеу“ од Барселона. Винисиус кој важи за еден од најтемпераментните фудбалери на денешницата, не можеше да се помири дека неговиот тим беше надмудрен и матиран пред фановите на Реал Мадрид, па на теренот повторно имаше испади.

По една одлука на судијата Санчес Мартинез, Винисус имаше што да му каже на арбитарот. „Секогаш го правиш истото, секогаш истото“, незадоволно викаше Винисиус кон судијата.

Пред крајот на мечот, Винисиус влезе во дуел и со Гави, кој реши да не му остане должен на Бразилецот, па откако имаа вербална расправија, фудбалерот на Барселона ја крена раката и покажа „четворка“ со прстите, порачувајќи му на Винисиус „4:0, 4:0“.

https://twitter.com/i/status/1850292619651240067

- Оглас -

Најнови вести