На Жиру му требаа пет минути и еден допир со топката за деби-гол во дресот на Милан (видео)

Оливие Жиру по само пет минути во своето деби за Милан го постигна првиот гол за Росонерите израмнувајќи на 1-1 против Ница во пријателската пресметка.

Искусниот Французин влезе во 61-та минута на местото од Рафаел Леао, а веќе во 66-тата минута заби со глава по нафрлувањето од Кастилјехо, што беше негов прв допир со топката воопшто на мечот.

Жиру со ова најавува успешна кариера во дресот на Росонерите, со надеж дека ќе ја разбие клетвата со бројот 9, кој беше тежок да се носи на дресот за многумина напаѓачи претходно.

 

OGC NICE 1 vs [1] MILAN – O. Giroud ’66 from soccer

- Оглас -

Најнови вести