22.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Над 2.500 прогнозери ви нудат богат тикет со осум меча со квоти над 2

Точно 2.514 играчи дадоа свои прогнози во 12-тото коло на бесплатната Спортска прогноза, а 14 од нив ги погодија вчерашните три средби од основната понуда во Среќна 13-ка, и остануваат во игра за „Ајфон 11“ кој е премија во секое коло.

Денеска се играат осум меча од колото, а ние ќе се обидеме да ви составиме виртуелен тикет според најголемиот процент на понудени фиксови.

Возбудувањата ќе започнат во 15 часот, со дуелите Саутхемптон – Манчестер јунајтед во Англија и Ленс – Анже во Франција. Ова треба да бидат победи на гостите, односно на домашните. Триумф на Јунајтед очекуваат 70,7 отсто од прогнозерите, а дури 79,7 проценти веруваат во триумф на Ленс. Двојката на Манчестер е со квота 2.05, додека единицата на Ленс е 2.35.

Хетафе и Атлетик Билбао би требало да одиграат нерешено ако прашувате 52,8 проценти од прогнозерите, а Челзи ќе го победи Тотенхем, веруваат 46,4 отсто од прогнозерите, што е повеќе од тие што се определија за нерешено или победа на пулените на Мурињо. На победа на Хофенхајм на гости кај Мајнц се надеваат 57,2 отсто, а неделниот тикет се комплетира со три меча на кои треба да победат домашните, тоа се Арсенал – Вулверхемптон (79,6 отсто), Наполи – Рома (62,8 отсто) и Реал Сосиедад – Вилјареал (така мислат 59,6 отсто).

Според овие проценти по прогнозите од сите играчи во ова коло на Спортска прогноза, имате тикет со вкупен коефициент од дури 672,7 во Sport Life што значи дека за само 50 вложени денари можната добивка ќе ви биде нешто над 33.600 денари.

- Оглас -

Најнови вести