Надал доби катастрофални вести: Има дупка од 7 милиметри, ќе биде чудо ако игра утре

Рафаел Надал, најтрофејниот тенисер во историјата на гренслем-турнирите, ги дозна резултатите од лекарскиот преглед и било констатирано дека има пукнат мускул во стомакот.

Шпанскиот тенисер се жали на болки во стомакот уште од осминафиналниот дуел, а со такви болки играше и во четвртфиналето кое го доби по исцрпувачка борба со 3:2 во сетови и речиси четири и пол часа игра против Фриц.

Надал утрово најави дека бил советуван дури и да го предаде мечот против Фриц, но успеал да ги издржи болките и на крајот да победи. Следен ривал на Рафа треба да биде Ник Кирјос, кој првпат игра во едно полуфинале на гренслем.

Докторите потврдиле дека Надал во стомакот има дупка (напукнатина) од 7 милиметри и дека ќе биде ризично да игра. И покрај сите болки и лоши вести од лекарите, Надал најави дека ќе се обиде утре да биде на теренот и да се бори за пласман во финалето на Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести