Надал: Ги разбирам луѓето кои велат дека се продадов на Саудијците

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека ги разбира луѓето кои велат дека се продал на Саудијците откако се согласи да биде именуван за тениски амбасадор на Саудиска Арабија. Тој исто така изјави дека Саудиска Арабија многу вложува во спортот во последно време.

„Мислам дека не ѝ треба Рафаел Надал на Саудиска Арабија за да ѝ го брани угледот. Тоа е земја која се отвори кон светот. Ги разбирам луѓето кои зборуваат дека таму сè се купува со пари, дека можеби и јас сум купен, но сметам дека Саудијците сакаат да направат нешто добро. Дали има работи кои треба да се подобрат? Нормално. Тоа е земја која во многу работи заостанува зад светот и неодамна се отвори. Мислам дека сè повеќе ќе се отвора кон светот“, изјави Надал.

Освен тениските фанови, кои сметаат дека Надал за дебела сума пари се согласил да биде промотор на Саудиска Арабија, тенискиот новинар Крег Шапиро неодамна откри дека Академијата на Надал имала големи долгови кои ги отплатиле токму Саудијците.

„Речено ми е дека Академијата има огромен долг кој е избришан со спогодбата со Саудијците“, рече Шапиро.

- Оглас -

Најнови вести