Надал го игра 100-тиот меч на Ролан Гарос, типувајте дека нема да загуби сет

Рафаел Надал вечерва ќе игра против Јанис Синер во четвртфиналето на Ролан Гарос. Шпанскиот тенисер е најтрофејниот во историјата на гренслем-турнирот во Париз и досега има неверојатни 12 титули од 14 настапи. Надал сезонава се обидува да постави нови рекорди на Ролан Гарос, а реално Синер не треба да биде поголем проблем за влез во полуфиналето.

Освен рекордниот 13-ти гренслем во Париз, Надал е во потера по јубилејниот 20-ти трофеј на гренслем-турнирите, со што би го израмнил рекордот на Роџер Федерер, кој има 20 трофеи на најважните четири тениски турнири. Надал досега беше доминантен и загуби само 23 гејма на патот до 14-тото четвртфинале.

„Досега сум без загубен сет и тоа е многу позитивен скор за мене. Не смеам да бидам незадоволен. Среќен сум поради начинот на којшто играм досега, а чувствувам дека можам да бидам уште подобар“, рече Надал пред дуелот со Синер.

За Надал ова ќе биде јубилеен 100-ти меч на Ролан Гарос, а неговиот досегашен биланс е 97 победи и само два порази. Доколку Надал успее да стигне до трофејот во Париз, тоа ќе го направи точно со 100 победи за вкупно 13 титули на овој турнир.

Синер и Надал ќе играат првпат меѓу себе. Италијанскиот тенисер во претходното коло го изненади Александер Зверев и го победи со 3:1 во сетови. Зверев пред еден месец играше во финалето на Отвореното првенство на САД, но овојпат беше сопрен во осминафиналето од 75 на АТП-листата. Синер засега игра одлично, но сепак, против кралот Надал нема шанси и денеска ќе заврши неговиот пат на Ролан Гарос.

 

- Оглас -

Најнови вести