Надал го растури тенисерот кој не бил роден кога Шпанецот почна да освојува трофеи

Рафаел Надал моќно го започна настапот на мастерс-турнирот во Мадрид откако во првото коло убедливо го победи Дарвин Бленч од САД. Легендарниот шпански тенисер е на 512-тото место на АТП-листата, но Бленч, кој дојде од 1.028-мото место на АТП-листата, немаше никакви шанси. По сетови Надал беше подобар со 6:1 и 6:0.

Интересно е дека Бленч е роден во 2007 година, а Надал првиот трофеј во својата богата кариера го има освоено уште во 2005 година.

„Играв против тенисер пред кого е светла иднина. Денеска тој правеше многу грешки, а јас сум среќен што одам понатаму. Му посакувам многу среќа во иднина на Дарвин“, рече Надал по мечот.

Со оваа победа Надал продолжи една неверојатна серија, а тоа е дека 20 години никогаш не загубил меч на земјена подлога од играч кој не е во Топ 100 на АТП-листата.

 

- Оглас -

Најнови вести