Шпанскиот тенисер Рафаел Надал пред стартот на вториот годинешен гранслем-турнир во Париз, изјави дека големи се шансите ова да биде негов последен настап на Ролан Гарос, но засега не може да гарантира со 100 отсто.
„Немојте да претпоставувате. Голема е шансата ова да ми биде последен Ролан Гарос, но сум 100 отсто сигурен во тоа, бидејќи не можам да предвидам што ќе се случува. Поминав нив долф процес на рехабилитација кој траеше речиси две години. Сега се чувствувам подобро отколку пред еден и пол месец. Затоа не сакам да ги затворам вратите на Ролан Гарос и да кажам 100 отсто дека ова ми е последен настап тука“, изјави Надал на прес-конферецијата пред стартот на гранслем-турнирот во Париз.
Противник на Надал во првото коло на Ролан Гарос ќе му биде Александер Зверев.