Рафаел Надал имаше едноставен рецепт, ги доби сите три сета со по 6:3 против Камерон Нори за пласман во осминафиналето на Ролан Гарос.
Рекордерот со 13 титули на Ролан Гарос најмногу мака имаше во вториот сет кога двапати го загуби сервисот и имаше негатива од 1:3 во гемови, но токму тогаш и ја покажа моќта во своето тениски царство. Ги доби следните пет игри и зголеми на 2:0, а потоа и заврши со 6:3 во третиот сет.
https://twitter.com/rolandgarros/status/1401199061986942979?s=20
Во следното коло ќе игра против 19-годишниот тенисер од Италија, Јаник Синер, кого досега го победуваше двапати во два меча и тоа без загубен сет.