Надал нема да игра ниту во Монте Карло: „Ова се тешки времиња, телото не ми дозволува да играм“

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал, ги разочара фановите со објавата дека нема да настапи ниту на мастерс-турнирот во Монте Карло. Шпанецот по повредата одигра три меча во Бризбејн на почетокот на оваа година, но потоа се повлече од настапот на Отвореното првенство на Австралија. Очекувањата беа дека ќе биде подготвен да настапи во Монако, но и тоа нема да се случи.

„Спортски гледано, за мене ова се тешки времиња. За жал, морам да ви соопштам дека нема да играм во Монте Карло. Телото не ми дозволува. Тренирам напорно и правам се само да можам повторно да играм, но вистината е дека во моментов не можам. Не можете ниту да замислите колку ми е тешко што не можам да играм. Можам само да се надевам дека во блиска иднина повторно ќе играм“, вели Надал.

Шпанецот сега ќе се подготвува за настапот на Ролан-гарос, но и тоа останува неизвесно, па нема да биде изненадување доколку наскоро објави и крај на кариерата.

- Оглас -

Најнови вести