Надал се опорави од дебаклот против Ѓоковиќ и со Алкарас обезбеди место во четвртфиналето

Шпанските тенисери Рафаел Надал и Карлос Алкарас се пласираа во четвртфиналето на олимпискиот турнир во Париз, во конкуренција на двојки. Во драматичен и тежок меч, шпанското дуо ги победи Грикспор и Кулхофа со резултат 6:4, 6:7, 10:2.

Во првиот сет Шпанците освоија еден брејк и тој беше доволен да го добијат сетот, додека во вториот се играше тај-брејк по кој поуспешни беа Холанѓаните. Кога се решаваше победникот, Надал и Алкарас покажаа зошто се врвни тенисери и фуриозно го добија решавачкиот сегмент со 10:2.

Следни противници на Надал и Алкарас ќе бидат Американците Ражива Рама и Остин Крајчек.

 

- Оглас -

Најнови вести