Надал стигна до 1.000-та победа во кариерата

Рафаел Надал се намачи, но на крајот го победи сонародникот Фелицијано Лопес во меч од четвртфиналето на АТП турнирот во Париз. Шпанецот кој зад себе има 20 гренслем-титули, имаше посебен мотив за славење по денешната победа. Ова беше јубилејна 1.000-та победа за Надал во кариерата.

Иако беше голем фаворит пред мечот, популарниот Рафа се намачи и мораше да одигра повеќе од два и пол часа против Лопес, кој го доби првиот сет со 6:4. Во вториот сет двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, па се играше тај-брејк, кој го доби Надал со 7:5.

Дури во третиот сет Надал успеа да земе гејм на сервис на противникот. Фаворитот поведе со 2:0 во гејмови и до крајот успеа да ја задржи предноста за конечни 6:4 во решавачкиот трет сет.

- Оглас -

Најнови вести