Надежите на Милан за титула ги урна Лацио на „Олимпико“ (Видео)

Милан се надеваше дека може да го искористи ремито на Интер против Аталанта (1-1) и со победа против Лацио во Рим да се врати во трката за шампионската титула. Но, тимот на Масимилијано Алегри доживеа пораз од 1-0 на „Олимпико“, по што очигледно дека шансите за Скудетото се сведени на теорија.

Сега Интер има осум бода предност на врвот на табелата пред Милан.

Милан одигра слабо и безидејно, а Лацио тоа знаеше да го искористи. Во 26-тата минута, Густав Исаксен успеа да ја затресе мрежата на Мајк Мењан, а тоа се покажа и како конечен епилог на овој натпревар.

- Оглас -

Најнови вести