Нагелсман: Германија го заслужи бодот и првото место во групата

Селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, е задоволен од нерешениот резултат 1-1 со Швајцарија. Ремито дојде тешко, со голот на Никлас Фулкруг во судиското продолжение од мечот.

Освоениот бод, сепак, беше многу вреден за Германија, бидејќи го остави домаќинот на врвот на групата А.

Според Нагелсман, нерешениот резултат е сосема заслужен.

„На крајот, ова беше заслужен бод. Секако, ризикувавме да примиме гол од контранапад, но моравме да напаѓаме. Се справивме добро и успеавме да израмниме. Бодот е сосема заслужен. Швајцарија е опасен противник, но ние тактички правилно влеговме во натпреварот“, смета Нагелсман.

Тој го пофали и стрелецот на израмнувачкиот гол Никлас Фулкруг, кој по вторпат постигнува погодок влегувајќи од клупата.

„Тој повторно постигна гол – убав гол. Никлас е важен играч за нас. Среќни сме што имаме таков фудбалер кој може да влезе од клупата и да го смени текот на натпреварот. Важно е тимот да има играчи кои умеат да постигнуваат важни голови како резерви. Секогаш го анализирам противникот пред да го изберам стартниот состав. Потоа секогаш имам опција да внесам различни играчи од клупата“, додаде селекторот на Германија.

- Оглас -

Најнови вести