Нагелсман нема долго да биде без работа, може да се пресели во Премиер лигата

Германскиот стратег, Јулијан Нагелсман кој во четвртокот доби отказ од Баерн Минхен и беше заменет со Томас Тухел, наскоро би можел да се пресели во Премиер лигата.

Скај Спортс пишува дека Нагелсман е отворен за можноста да го наследи Антонио Конте на клупата на Тотенхем.

Италијанецот сигурно на крајот од сезоната ќе си замине од Тотенхем, но управата претстојната недела ќе разговара дали предвреме да го раскине договорот со Конте, по неговите критики кон играчите и управата, по елиминацијата од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Нагелсман на клупата на Баерн Минхен во 2021 година го наследи Ханси Флик, кој стана селектор на Германија, и успеа да освои три трофеи со баварците.

- Оглас -

Најнови вести