Спортското друштво Црвена ѕвезда вечерва прославува 80 години од формирањето, а на централната манифестација во белградска „Сава центар“ присуствуваат голем број на поранешните спортисти, легенди на клубовите кои го носат ова име. Еден од нив е и поранешниот македонски репрезентативец, Бошко Ѓуровски, кој го доби признанието за животно дело.
„Ова за мене е чест и гордост. Sвезда ја препозна мојата љубов кон клубот, верноста, се заблагодарувам. Црвена ѕвезда е мојата судбина. Знаете како, јас денес му реков на раководството на Sвезда дека во последните 10 години успеа да направи голем чекор напред. Сметам дека ова раководство можеби не е најдобро, но заедно со она со кое ја освоивме Лигата на шампионите, ова раководство соборува рекорди на теренот и на финансиски план. Им посакувам само така да продолжат.“ – рече Ѓуровски.
Ѓуровски потекнува од младинските категории на Тетекс, а на 15-годишна возраст прави трансфер во Црвена ѕвезда и ја освојува титулата од Лигата на шампионите. Цели 11 сезони е дел од „црвено-белите“, а потоа во три наврати беше дел и од стручниот штаб на клубот.