Награди за нашите млади надежи: Алчевски прогласен за најдобар голман, Деспотовски најдобар играч од среден ред

Македонија загуби од Словачка со 0:1 и не успеа да триумфира на турнирот во Анталија, но две фудбалски надежи од нашата репрезентација добија значајни признанија.

Марко Алчевски беше прогласен за најдобар голман на турнирот, додека во рацете на Стефан Деспотовски заврши трофејот за најдобар играч од среден ред. За најдобар дефанзивец беше прогласен Томаш Галвец од Финска, додека најдобар напаѓач е Адријан Капралик од Словачка.

 

 

- Оглас -

Најнови вести