Македонските надежи поразени од Словачка, нападот дефинитивно затаи на трите подготвителни дуели (Видео)

Младата репрезентација на Македонија за играчи до 21 година со пораз од Словачка (0:1) ја заврши низата од три контролни меча што ги одигра само во шест дена. Македонските надежи одиграа солиден меч против врсниците од Словачка, но загубија поради голот што го примија во 66-тата минута. Веселовски погоди за победа на Словачка.

По завршувањето на овој дуел, може да се сублимира дека младата репрезентација на турнирот во Анталија заврши со два порази и една победа извојувана по подобро изведување на пенали.

Во првиот меч од турнирот нашите надежи убедливо беа поразени од Летонија со 3:0, а потоа одиграа 1:1 со врсниците од Финска. По подобро изведување на пенали, Финска ја победивме со 5:4. Со денешниот пораз од Словачка со 0:1 јасно е дека затаи офанзивниот дел на нашата репрезентација затоа што во 270 ефективни минути постигнавме само еден гол.

- Оглас -

Најнови вести