Во пресрет на 200-тото вечно дерби меѓу Партизан и Црвена ѕвезда, спречен е инцидент меѓу двете навивачки групи Гробаи и Делии од страна на полицијата. Неколку стотици симпатизери на Партизан се обиделе да им пријдат на гостинските навивачи пред северната трибина од стадионот „Партизан“, меѓутоа полицијата навреме интервенирала.
Вакви неспортски инциденти не се добедојдени, но се чести кога се во прашање белградските ривали. За потсетување, од овие моменти стартува полуфиналниот дуел меѓу Партизан и Ѕвезда, во кој ќе се бие битка за пласман во финалето од српскиот Куп.