Најбогатиот Англичанец купува француски клуб

Најбогатиот Англичанец според Форбс, Џим Ретклиф, доби дозвола од француското биро за конкуренција да го преземе прволигашот Ница откако им префрли на досегашните сопственици 100 милиони евра, што е рекорд при купопродажба на француски клуб.

Досегашните сопственици Чиен Ли, Алекс Женг и Пол Конвеј одлучија да го продадат клубот што го купија во 2016 година.

Ретклиф тежи над 24 милијарди евра, а најави дека Ница ќе биде стабилен клуб што ќе атакува на највисоки цели. Од него побогати сопственици во моментов во францускиот фудбал се само шеиците од ПСЖ, „Катар спортс инвестмент“, и Франсоа Пино, кој е сопственик на Рен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести