Најбројни, најкреативни, најубави: тоа се гласните македонски навивачи во Дебрецин (Фото)

Машки, женски, повозрасни, помлади, македонските навивачи кои ја бодрат ракометната репрезентација на Македонија на Европското првенство во Дебрецин, не дека се наши, туку навистина се најдобри и најбројни.

Ги има и такви што по маица со кратки ракави навиваат на отворено, иако температурата е под нула.

Освен тоа, со своето однесување и изглед измамуваат интерес и насмевки од локалните жители, но и од навивачите од другите земји, кои се во значително помал број.

Синоќа на мечот со Словенија во салата „Феникс“ имаше 2.034 луѓе, веројатно половината беа од Македонија.

Со разноразни креативни маски, капи, шалови, знамиња и други реквизити тие беа голема поддршка од трибините за момците во црвено-жолти дресови, така ќе биде и утре против Црна Гора, кога ја чекаме првата победа.

Вакви верни фанови кои среде студена зима патуваа околу 1.000 километри за да навиваат за својата земја заслужуваат чиста десетка.

 

 

- Оглас -

Најнови вести