И на минус 10 степени атмосферата е жешка (Видео)

Во Дебрецин е вистинска зима. Температурите се далеку под нулата, но тоа не е пречка македонските навивачи да направат жешка атмосфера. Дел од навивачите без проблем се соблекоа и по дресови по кратки ракави и уживаа во навивачките песни.

Додека нашите ги грее љубовта кон татковината, па на голем студ се движат по маици, запеаја песна пред автобусот на Словенците, а потоа и тие излегоа и ѝ се придружија на Фалангата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести