На хуманитарниот фудбалски натпревар Soccer Aid за помош на организацијата УНИЦЕФ, на кој традиционално настапуваат фудбалски ѕвезди, популарни уметници и познати личности, настапи и легендарниот спринтер Усеин Болт, а светскиот рекордер на 100 и 200 метри средбата на „Стемфорд бриџ“ во Лондон ќе ја памети по лошо.
Јамајканецот кој има 37 години, ја повреди десната нога, по што на носилки беше изнесен од теренот, а ногата му беше имобилизирана. Не се знае каква е повредата на Болт, но некое време нема да може ни рекреативно да игра фудбал.