Најбрзиот гол во Серија А за оваа сезона му припаѓа на Пашалиќ (видео)

Аталанта најавува голеада против Бреша со моменталните 4-1 по само половина час од средбата која се игра во Бергамо. Домаќините поведоа преку Марио Пашалиќ, кој го постигна засега најбрзиот погодок во Калчо лигата.

Хрватскиот играч за врска ја затресе мрежата на Бреша во 1:27 минута.

https://www.dailymotion.com/video/x7v0g7p

Сепак, предноста на Божицата не траеше повеќе од шест минути, По израмнувањето на Торегроса. Тоа ги налути избраниците на Гасперини, па за пет минути преку Де Рун, Малиновски и Запата ја решија екипата која се простува од елитата.

- Оглас -

Најнови вести