Најчудното првенство во светот оваа сезона се игра во Белорусија. Освен тоа што во првенството настапуваат непарен број на екипи, 15, што и не е така чудно за наши услови, бидејќи минатата сезона во Македонија се играше со 11 екипи.
Но она што го прави првенството во Белорусија најчудно во светот е тоа што три екипи беа казнети за местење на натпревари и има се одземени бодови пред почетокот на првенството. Шахтјор Солигорск е казнет со неверојатни 35 бодови, а според резултатите оваа сезона, имаат освоено 30 и би биле на третата позиција на табелата, но се на претпоследната со -5 поени.
Убедливо последен е Енергетик со -9 поени, но само поради казната за одземање на 23 поени. Со 14 поени кои ги освоија на терен би биле во сигурната зона.
Со одземање на бодови е казнета и екипата на Белшина, но со “само“ 11 бодови и тие веќе се со позитива поради 12-те поени кои ги освоија и во моментов со еден бод се вво сигурната зона.
Сепак, првенството на Белорусија е некаде на половина, па до крајот многу работи ќе се променат и веројатно сите три казнети екипи ќе обезбедат опстанок.
Викендов во белоруското првенство ќе се одиграат само четири натпревари, а останатите се одложени поради европските настапи.